Renault го освежи популарниот Captur – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault го освежи популарниот Captur

Субкомпактниот теренец на Renault доби очекуван фејслифт на средината од својот животниот циклус.

Освежениот Captur има нови фарови со целосна LED технологија и изменет браник, додека остатокот од каросеријата останува прилично непроменет. Моделот исто така го добива ажурираниот амблем на Renault и се нуди со 14 комбинации на бои, како и нови тркала кои се движат од 17 до 19 инчи. Новото ниво на опременост Esprit Alpine го заменува веќе непостоечкото RS Line како нов предводник на гамата. Тоа визуелно се разликува од останатите во браникот, сјајните црни акценти и специфичните 19-инчни алуминиумски тркала.

Дигиталниот кокпит на фејслифтираниот Captur е надграден со нова 10,25-инчна дигитална група на инструменти и 10,4-инчен екран на допир кој работи на најновиот Android Automotive 12 софтвер на Google. Тука се и приклучоците USB-C, безжичното полнење, амбиенталното осветлување и опционалиот аудио систем Harman Kardon со девет звучници.

Поставата на моторските единици е истата од претходникот. Почетниот турбо 1-литарски TCe мотор со три цилиндри со 90 или 100 коњски сили е поврзан со шест-брзински мануелен менувач. Помоќниот турбо 1,3-литарски TCe со благ хибриден систем и 140 коњски сили е поврзан со шестстепен мануелен менувач, односно со автоматски менувач на уште помоќната верзија со 160 коњски сили. Најефикасната верзија се состои од атмосферскиот 1,6-литарски мотор со два електромотори и батерија од 1,2 kWh, со чија помош тој испорачува комбинирани 145 коњски сили.

Како и неговиот претходник, малиот теренец ќе се произведува во фабриката на Renault во Ваљадолид во Шпанија. Цените ќе бидат објавени во наредните недели, а моделот ќе биде достапен на европските пазари од април годинава.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Renault Rafale E-Tech 4x4 300 HP е плаг-ин хибриден SUV со малку магија од Alpine


Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!