Suzuki Vitara доби уште еден фејслифт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Suzuki Vitara доби уште еден фејслифт

Јапонскиот производител одлучи да го освежи тековниот европски модел со мали промени во надворешниот изглед.

Новата Vitara изгледа препознатливо уште на прв поглед. Редизајнираниот преден браник сега изгледа почисто благодарение на потенките дневни светла и изоставувањето на светлата за магла. Тука е и новата решетка и поголемиот централен довод за воздух со црна завршница.

Во кабината додаден е нов инфозабавен систем со 9-инчен екран на допир и истиот е компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto. Од безбедносните системи вклучени се: поддршката за запирање со двоен сензор, системот за следење на возачот, адаптивната контрола на патувањето, препознавањето на сообраќајни знаци и помошта при задржување во лента.

Опциите за погонот остануваат непроменети, вклучувајќи ги благите хибриди со мануелниот 1.4-литарскиот бензински мотор и целосно хибридните единици со 1.5-литарскиот мотор кој е поврзан со шестстепен автоматски менувач.

Освежената Suzuki Vitara ќе пристигне во европските салони зпочнувајќи од јуни годнаваа, а цените ќе бидат објавени поблиску до лансирањето на пазарот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!