Новиот Mercedes-AMG GT43 доаѓа со четири цилиндри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mercedes-AMG GT43 доаѓа со четири цилиндри

Почетната верзија на купето доаѓа без моќниот V8 и погонот на сите тркала.

Новиот AMG GT43 доаѓа со четири цилиндри и 416 коњски сили, што е значително намалување од неговите V8 опремени варијанти GT55 и GT63 кои испорачуваат 469, односно 577 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае 4,6 секунди, можеби не премногу респектабилно време за возило кое ја носи ознаката AMG.

Mercedes-AMG во Европа ќе ја нуди основната верзија со стандарден распоред на две седишта и опционален распоред 2+2. Како опција ќе се нуди и управувањето на сите тркала. Кога истата ќе се вгради, задните тркала ќе се управуваат во спротивна насока на предните со брзина до 100 км/ч, односно во иста насока при поголеми брзини.

GT43 и SL43 не се единствените модели од високата класа кои го користат 2-литарскиот мотор што е позајмен од компактните модели на брендот. AMG го поставува надолжно најмоќниот сериски четирицилиндричен мотор во најновите C63 и GLC63, односно попречно во CLA45 и GLA45.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!