Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther Mahlangu – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther Mahlangu

Во i5 седанот се употребени точно 1349 парчиња од електронскиот контролиран филм преку кој на панелите се прикажуваат шарени анимации.

Родена во Јужна Африка во 1936 година, Естер Махлангу е светски позната уметница која се фокусира на дизајните на племето Ндбеле, првенствено пронајдени во провинциите Лимпопо и Мпумаланга во Јужна Африка. Таа првпат соработуваше со германскиот бренд во 1991 година кога сликаше врз моделот 525i. Сликањето беше директно на целосно белиот автомобил а дизајнот беше комплетиран за нешто помалку од 7 дена.

За овој проект, Махлангу работеше со Стела Кларк, истражувачки инженер за отворени иновации во групацијата BMW. Кларк вели дека работата на уметникот ја инспирирала пред неколку години, кога концептот за промена на бојата на автомобилот бил само идеја во нејзината глава.

Користејќи ја технологијата од E Ink, панелите вклучуваат неколку милиони микрокапсули во секое парче филм. Со примена на електричен напон, честичките во боја може да се менуваат преку процесот на електрофореза (транспорт на молекули низ течност или гел под влијание на електрично поле). Резултатот е живописно, колоритно и техничко парче уметност, кое обично не очекуваме да го видиме на автомобил од BMW.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!