GTstreet R Touring е најновиот проект на Techart – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GTstreet R Touring е најновиот проект на Techart

Каросерискиот комплет и надградбите на моторот на германскиот тјунер го качуваат Porsche 911 Turbo S на повисоко ниво.

Од Techart велат дека новиот комплет за каросерија содржи преку 40 различни компоненти, меѓу кои се и новите карбонски браници, странични лајсни, доводи за воздух и предна хауба. Сите тие можат да бидат детално стилизирани во сјајна боја или со мат финиш.

Секако она што секој ќе го примети на прв поглед е задниот класичен фиксен спојлер.  Покрај стилизираниот изглед, спојлерот е избалансиран и оптимизиран за надолна сила и добра аеродинамика при повисоки брзини. Покрај специфичниот дизајн, тој е исто така и за 60 проценти полесен од фабричкиот спојлер.

Techart нуди и надградби на моќноста на GTstreet R Touring. Достапни се две верзии, при што првата е посуптилна и додава скромни 60 коњски сили, додека втората фаза е поагресивна и додава 150 коњски сили. Со монтирање на нови турбо полначи и прилагоден издувен систем, моќноста се искачува до застрашувачки 800 коњски сили.

Цената за конверзијата на автомобилот (кој разбирливо веќе треба да го имате) за европските клиенти почнува од 99.000 евра, а компанијата планира да преработи лимитирана серија од само 25 примероци.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!