ПРЕМИЕРА: Ова е новиот MG3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е новиот MG3

Новиот супермини MG3 го има првиот целосно хибриден погон на компанијата.

Новиот MG3 е технолошки напреден хибриден хечбек од Б-сегментот, кој нуди комбинација на перформанси, ефикасност и префинетост. За прв пат моделот ќе биде достапен за клиентите во Европа, откако претходната генерација се нудеше единствено во Велика Британија.

Технологијата за погонски агрегат Hybrid+ на MG го претставува нивниот прв конвенционален, самополнечки хибриден систем. Во неговата основа постојат пет клучни елементи – мотор, менувач, батерија, електромотор и генератор.

Hybrid+ погонската група на MG го прави MG3 најбрзо забрзувачкиот хибриден модел во класата со време од 0 до 100 км/ч од само 8 секунди. Забрзувањето до брзини на автопат (од 80-120 км/ч) е подеднакво импресивно и изнесува само 5 секунди.

Целосно новиот MG3 е опремен со 1.5-литарски бензински мотор кој испорачува 102 коњски сили и електричен мотор со моќност од 136 коњски сили, како и посебен мотор во функција на генератор кој овозможува широк спектар на работни режими. Моторот е поврзан со тристепен автоматски менувач, преку кој силата се префрла на предните тркала. Возачите можат да ја прилагодат реакцијата на возилото со изборот на три режими на возење – Eco, Standard и Sport.

Првиот е калибриран за оптимална економичност на горивото додека вториот обезбедува спој помеѓу економичноста и перформансите. Спорткиот режим го извлекува најдоброто од комбинираната излезна моќност и испорачува едни од најдобрите перформанси во класата.

Исклучителна карактеристика за купувачите е новиот кокпит со два екрани, сличен како оној кај електричниот MG4. Возачите имаат дигитален екран со инструменти од 7 инчи, како и централен инфозабавен систем од 10.25 инчи. Стандардно е достапна сателитската навигација, како и интеграцијата на паметни телефони преку Apple CarPlay и Android Auto.

Поврзано:  MG го претстави новиот HS

Зголемената безбедност се добива преку технологијата MG Pilot, која вклучува помош за задржување во лента со систем за предупредување за напуштање лента, адаптивна контрола на темпоматот, предупредување за преден судир и помош при сообраќаен метеж.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!