Имате малку време од еден до друг авионски лет? Porsche ќе ве префрли со 911 GT3 RS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Имате малку време од еден до друг авионски лет? Porsche ќе ве префрли со 911 GT3 RS!

Патници кои имаат кратко време меѓу два поврзани летови на LAX аеродромот во Лос Анџелес ќе бидат префрлени од еден до друг лет со Porsche 911 GT3 RS!

Патниците на Delta Airlines кои патуваат преку Лос Анџелес и кои имаат краток временски интервал меѓу два поврзани лета ќе бидат пренесени од еден до друг лет на спектакуларен начин. Како? Па на совозачкото седиште на Porsche 911 GT3 RS, нормално.

Секако, ова е маркетингшки потег – но ќе кажеме дека е навистина одличен. Од Delta Airlines напоменуваат дека оваа услуга е резервирана за „одбрани патници“ – но кој не би сакал да го заобиколи аеродромскиот хаос во 911 GT3 RS? За жал, оваа услуга ќе биде достапна само викендов, односно до 26-ти Февруари, па ако случајно летате преку Лос Анџелес и ако убаво замолите…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.