Новата Kimera Evo38 има 600 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Kimera Evo38 има 600 коњски сили!

Модерната „неофицијална” преработка на легендарната Lancia 037 доаѓа со нова технологија и погон на сите тркала.

Kimera Evo38 е продолжение на Evo37 од 2021 година, со тоа што сега добива погон на сите тркала и зголемена моќност. Моделот испорачува скоро 600 коњски сили до двете оски преку шест-брзински мануелен менувач. За понатаму постојат планови за продажба на Evo38 и со електронски активиран секвенцијален менувач.

Автомобилот тежи 1100 килограми благодарејќи на шасијата која е изработена од лесни материјали како карбон и титаниум. Тој е опремен со електрохидрауличен диференцијал што може да се контролира одвнатре, дозволувајќи му на возачот да избере колкава моќност ќе добијат тркалата. Суспензијата е исто така изменета во споредба со 037 и сега има електронски контролирани амортизери заедно со систем за подигање.

Од Kimera планираат да го донесат Evo38 на саемот за автомобили во Женева што ќе се одржи следниот месец, а производството на 38 единици е планирано да започне подоцна оваа година. Деталите за цените не се објавени, но вреди да се спомне дека Evo037 беше понуден во 37 примероци по цена од 480.000 евра.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!