ПРЕМИЕРА: Renault 5 E-Tech е електричен Ренолуционер! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Renault 5 E-Tech е електричен Ренолуционер!

Новиот, целосно електричен Renault 5 E-Tech Electric е вистински доказ дека да, добрите нешта навистина доаѓаат во мали пакувања!

Новиот Renault 5 (ќе скратиме малку од целосното име) е долг само 3.92 метри, широк 1.77 метри и висок 1.5 метри. Меѓуоскиното растојание е само 2.54 метри. Всушност, Renault 5 одлично влегува во „просторот“ меѓу Twingo и Clio.

Истовремено, новиот 5 е првиот модел поставен на AmpR Small платформата, која порано беше позната како CMF-B EV. Најлесната верзија на Renault 5 доаѓа со батериски модул со капацитет од 40 kWh и тежи 1350 килограми, додека потешката и помоќна изведба доаѓа со батериски модул со капацитет од 52 kWh и оваа верзија тежи 1450 килограми.

Основната батерија се комбинира со електромотор кој испорачува 95 коњски сили и 215 Nm вртежен момент или нијанса помоќен електромотор кој испорачува 120 коњски сили и 225 Nm вртежен момент. Поголемата батерија се комбинира со електромотор кој испорачува 150 коњски сили и 245 Nm вртежен момент и оваа конфигурација забрзува до 100 километри на час за помалку од 8 секунди, но достигнува и (електронски ограничена) брзина од 150 километри на час.

Според Renault, во зависност од избраната комбинација можете да очекувате меѓу 300 и 400 километри со полни батерии.

Но најважната работа е несомнено дизајнот – едноставно, видете го! Реинтерпретацијата на легендарната „Рено Петка“ во нов, современ и електричен автомобил е несомнено успешна. Веднаш препознаваме детали кои асоцираат на стариот Renault 5 – хоризонталните предни светла и вертикалните задни светла, како и карактеристичниот закосен Ц-столб – сè се тоа препознатливи детали. Рачките од задните врати се скриени, а автомобилот е поставен на големи, 18-инчни тркала. Renault ветува и хот хеч изведба која ќе пристигне кон крајот на оваа година, но ќе биде под капата на Alpine.

Кабината добива супер-фанки ретро вертикални шевови на конзолата, но и интересни отвори за вентилација и мултимедијален систем со сите нови технологии. Ни се допаѓаат и ретро-инспирираните материјали во кабината, но има и супер-модерни елементи – пред возачот е поставен дисплеј со дијагонала од 7 или 10 инчи, а централниот екран е со дијагонала од 10 инчи.

Поврзано:  Renault Rafale пристигна во Македонија!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.