ПРЕМИЕРА: Ова е освежената Dacia Spring – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е освежената Dacia Spring

Најприфатливиот европски електричен автомобил добива визуелно и технолошко ажурирање.

Надворешните ревизии на Spring се направени преку најновиот дизајнерски јазик на Dacia, кој е користен и кај новиот Duster. Во внатрешноста, освен 7-инчната инструмент табла и 10-инчниот екран на допир, кабината сега има редизајнирани контроли за климатизација и нов изглед на отворите за воздух. Ажурираниот волан го има новото корпоративно лого и може да се прилагоди во висина.

Гепекот има волумен од 308 литри (шест повеќе од претходно) а со спуштена задна клупа капацитетот расте на 1004 литри. Иако се работи за мал автомобил, предниот багажник има простор за складирање до 35 литри. Во зависност од нивото на опременост, тркалата се 15 или 16-инчни, а боите Safari Beige и Brick Red се нови во понудата.

Стандардниот Spring доаѓа со мотор од 45 коњски сили, со кој забрзувањето до 100 км/ч трае нешто помалку од 20 секунди, додека на помоќниот мотор со 65 коњски сили му се потребни „само” 14 секунди. Малата батерија од 26,8 kWh има официјален досег на возење до 220 километри, а за нејзиното полнење од 20 до 80% се потребни 45 минути преку полнач од 30 kW. Со полнач со 7kW, ќе треба да почекате скоро 11 часа за батеријата да се наполни од 20 до 100 проценти. Новост е тоа што автомобилот сега поддржува двонасочно полнење, односно може да напојува мали електрични апарати.

Dacia со гордост вели дека Spring останува единственото европско електрично возило кое тежи помалку од 1000 килограми. Иако новата верзија има повеќе стандардна опрема и подобра технологија, таа донесе само дополнителни шест килограми. Целосно опремената верзија во врвната опрема тежи 984 килограми.

Поврзано:  Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Европа во првата половина од годинава


Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!