Ferrari 296 GTB на Novitec има 856 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari 296 GTB на Novitec има 856 коњски сили!

Германскиот тјунер го приближи хибридниот модел на Ferrari до лимитот.

Со својот електрифициран 2,9-литарски твин-турбо V6 мотор, фабричкиот 296 GTB испорачува 819 коњски сили. Секако дека тоа не е доволно за една тјунерска компанија, па Novitec ја зголеми бројката до 856 коњски сили. Зголемената моќност доаѓа исклучиво од V6 моторот со внатрешно согорување, без било какви промени на електричниот мотор.

Од Novitec не се задоволија со само додавање поголема моќност, па направија и неколку визуелни промени. Најприметливи се тркалата на Vossen со димензии 21 напред и 22 инчи назад.

Достапен е и релативно суптилен и ефикасен карбонски каросериски пакет. Ова ги вклучува вообичаените осомничени – преден сплитер, продолжени странични додатоци и заден спојлер. Како дополнување, германскиот тјунер нуди и свои карбонски капачиња на ретровизорите, влезови за воздух, па дури и карбонски капаци на лежиштето на моторот.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!