Singer преработија 300 примероци од Porsche 911 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Singer преработија 300 примероци од Porsche 911

Singer Sotto е пресвртниот модел на компанијата од нејзиното основање во 2009 година.

Студијата Sotto е базирана на отворената 964 Targa од 1990 година. Таа се одликува со карбонска каросерија обвиткана во сина „Resistance Blue” боја и спортски карбонски седишта од рачно изработена портокалова кожа со црни шевови.

Моторот е добро познатиот 4-литарски плоснат атмосферец кој како и секогаш го наоѓа своето место во задниот дел на автомобилот. Иако од Singer не ја објавија моќта, голема е веројатноста дека таа изнесува 390 коњски сили, колку што беше кај претходниците на ова издание. Според фактот дека издувот е изработен од титаниум а сопирачките се карбон-керамички, може да се каже дека станува збор за сериозен класичен спортски автомобил.

Singer во 2022 година ги паузираa нарачките за своите класични преработки и најавиja дека тие ќе бидат ограничени на 450 парчиња. Сè уште нема официјална најава за тоа што ќе следува откако ќе се појават и останатите 150 автомобили, но најверојатно Singer ќе се фокусираат на турбо студијата на моделот 934/5 што ја објавија лани.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!