ПРЕМИЕРА: Über-караван со 630 коњски сили – претставен Audi RS 6 Avant GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Über-караван со 630 коњски сили – претставен Audi RS 6 Avant GT!

Врвната (и за жал најверојатно последната) изведба на мега-караванот на Audi ја носи ознаката GT суптилно оддава почит на минатите Avant RS модели.

Новиот Audi RS 6 Avant GT е инспириран од RS 6 GTO концептот на кој работеа практиканти во Audi во 2020, но овој пат го гледаме тој дизајнерски јазик во финална интерпретација. Тој автомобил беше во чест на 40-годишнината на Quattro, а кај новиот автомобил препознаваме уште неколку дискретни, но важни детали. Со задоволство ќе ги издвоиме огромните тркала кои директно влечат инспирација од тркалата на Audi S4 од B5 генерацијата. Сепак, RS 6 Avant GT има црни предна маска и браник со цел да асоцираат на RS 6 GTO, а дополнително добива и нагласен преден сплитер.

Дополнително, купувачите ќе добијат и карбонски полклопец на моторот и пошироки карбонски крила за поефикасно ладење на сопирачките. Отстратени се кровните носачи, а додаден е уникатен, засебен заден спојлер, но и огромен заден дифузер.

Кабината добива црни материјали, но и контрастни црвени и бронзени детали, како огромни, прекрасни спортски седишта со RS 6 GT ознаки извезени на нив. Плус, купувачите ќе добијат и црвени безбедносни појаси, специјални патосници и индивидуално-нумерирана плакета на централната конзола.

Ниту перформансите не се за занемарување – моќниот 4-литарски твин-турбо V8 е надграден да испорачува 630 коњски сили 850 Nm вртежен момент – 30 коњски сили и 50 Nm повеќе од „обичниот“ RS 6. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински Tiptronic менувач и незаменливиот quattro. Интересно, RS 6 Avant GT добива рачно-прилагодливи амортизери покрај спортскиот Quattro диференцијал. Целиот автомобил е поблиску до подлогата за 10 милиметри ветува врвна комбинација меѓу динамичност и комфор. Дополнителни доработки вклучуваат надградени стаблизиатори, керамички сопирачки и Continental Sport Contact 7 пневматици.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi A4 станува А5, претставен и нов S5

Резултатот на сето тоа е лансирање до 100 километри на час за само 3.3 секунди, односно 200 километри на час за 11.5 секунди. Максималната брзина е 305 километри на час. Audi потврди дека ќе произведе само 660 примероци од овој неверојатен мега-караван. Цената (во Германија) ќе започнува од 219.355 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.