Opel најавува важен новитет – Frontera се враќа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel најавува важен новитет – Frontera се враќа!

Opel враќа важно име од својата богата историја – наследникот на Crossland ќе се вика Frontera!

Opel чекори кон иднината, но истовремено се навраќа и на својата богата историја. Frontera се враќа! Поточно, името се враќа и тоа за целосно-нов SUV модел кој треба наскоро да дебитира. Според информациите кои пристигнаа од Opel, новата Frontera ќе воведе нова, робустна и цврста интерпретација на дизајнерската филозофија на брендот и ќе биде првиот модел на германскиот бренд кој ќе го носи новото Blitz лого. Од Opel најавуваат дека Frontera ќе се нуди како целосно-електрично возило од самиот старт, но не би биле изненадени доколку бидат понудени и верзии со конвенционални мотори со внатрешно согорување.

Главниот извршен директор на Opel, Florian Huettl изјави – „Името Frontera е идеално за нашиот нов, возбудлив SUV. Тој ќе има самоуверен карактер и ќе биде позициониран во срцето на пазарот.“ Со лансирањето на електричната варијанта на Frontera и целосно-електричната верзија на следната генерација на Grandland, Opel ќе означи значителен чекор кон транзицијата кон целосно-електричен бренд. Opel најавува дека ќе има најмалку една целосно-електрична варијанта од секој модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.