Opel произведува автомобили веќе 125 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel произведува автомобили веќе 125 години!

Пред 125 години, на 21-ви Јануари 1899-тата година Opel се трансформираше во производител на автомобили!

Оваа година ќе биде посебна година за Opel! Токму во 2024 Opel ќе прослави 125 години производство на автомобили, а годината ќе минува во знакот на електромобилноста. За прв пат во историјата на брендот, секој модел ќе добие електрична верзија – првенствено новата Opel Astra Sports Tourer Electric – еден од првите 100% електрични караван автомобили на пазарот.

Компанијата пред 125 години ја постави основата за мобилност на четири тркала, со цел да биде иновативна и ориентирана кон иднината. Wilhelm Opel, син на основачот на компанијата Adam Opel, на 21 јануари 1899 година потпиша Договор со браварот Friedrich Lutzmann, за купување на неговата Motorwagenfabrik (фабрика за автомобили), што пак беше почетен сигнал за производство на автомобили Opel. Ова го означи почетокот на новата ера која има испишано историја многу подалеку од Rüsselsheim. Претходно успешен како производител на машини за шиење и велосипеди, Opel се впушти на територија непозната за компанијата.

Оттогаш, повеќе од 75 милиони возила на Opel ги напуштија производствените погони ширум Европа. Еден од актуелните бестселери доаѓа од Rüsselsheim: најновата генерација на Opel Astra. Додека Opel ја одбележува 125-годишнината од производството на автомобили и го зацрта патот за иднината, иновативниот модел од компактна класа денес излегува од производната лента со напредни технологии и електрифицирани погонски единици без издувни гасови.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl гордо изјави – „ Ние сме на почеток на нова ера исто како и Opel пред 125 години. Тогаш компанијата стана пионер со влегувањето во автомобилската индустрија, а во денешно време Opel е електричен пионер кој нуди мобилност без емисии како – што е на пример новата Astra Sports Tourer Electric. Како и првиот автомобил на Opel, и овој автомобил доаѓа од Rüsselsheim. Ние сме горди на ова наследство и затоа Opel ќе ја слави годишнината од 125 години производство на автомобили во знакот на електромобилноста“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.