SEAT Ibiza наполни 40 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT Ibiza наполни 40 години!

Повеќе од шест милиони примероци на Ibiza се продадени откако за првпат моделот беше претставен во 1984 година

За да го одбележи роденденот, SEAT претстави специјално и лимитирано издание на Ibiza. SEAT Ibiza Anniversary доаѓа во ексклузивна сива (Graphene Grey) боја, надополнета со сет од 18-инчни Cosmo Grey алуминиумски тркала и ласерски изгравиран наслов „Anniversary Limited Edition“.

Во внатрешноста се издовјуваат уникатните спортски седишта, како и темниот алуминиумски мат финиш на централната конзола. Истата завршница се нанесува и на праговите на вратите, кои исто така добиваат специјални врежани ознаки.

Моделот со лимитирана едиција треба да се појави во продажба на почетокот на 2024 година. Перформансите не се објавени, но очекуваме дека возилото ќе биде придвижувано од најмоќната верзија на неговиот 1-литарски бензински мотор со 108 коњски сили и вртежен момент од 200 Nm.

Првиот Ibiza модел кој датира од далечната 1984 година беше дизајниран од Џорџето Џуџаро – човекот одговорен за оригиналните Lotus Esprit и Volkswagen Golf. Отогаш има вкупно пет генерации на SEAT Ibiza, со повеќе од шест милиони продадени примероци.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!