Јапонскиот гигант се пофали дека го произведе 300-милионитиот автомобил – подвиг за кој беа потребни 88 години и 2 месеци!
Првиот автомобил кој излегол од производните линии на Toyota е камионот со ознаката G1, кој бил произведен во Август во сега веќе навистина далечната 1935-та година. Компанијата која го произвела го носела името Toyoda Automatic Loom Works Ltd, која понатаму се преименувала во Toyota Industries Corporation.
Инаку, од тие 300 милиони, 180.52 милиони возила се произведени во Јапонија, додека останатите 119.6 милиони возила се произведени во други земји ширум светот каде Toyota има производни погони. Како што и можевме да очекуваме, најпродаван модел во историјата на Toyota е токму Corolla, со повече од 53 милиони продадени возила ширум светот.
Свое задоволство изразија Akio Toyoda кој е на претседател на одборот на Toyota (и ја носи фантастичната титула Master Driver) како и Koji Sato кој сега е претседател на Toyota. Во своите изјави тие изразија особена гордост за успехот и изјавија благодарност до вработените, добавувачите, дилерите и купувачите за нивниот придонес и нивната лојалност. Се навратија и на тешките времиња низ кои поминала компанијата и лекциите кои се научени од секоја криза благодарение на љубовта на купувачите и посветеноста на вработените.