Porsche ни ја открива кабината на новата Panamera – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ни ја открива кабината на новата Panamera

Porsche се подготвува да ја претстави новата Panamera и на само две седмици пред официјалната премиера ни го открива новиот кокпит на луксузниот спортски седан.

Од Porsche кажуваат дека во новата Panamera се применува Porsche Driver Experience пристапот кој му овозможува на возачот максимално да ужива во возењето. Пристапот влече очигледна инспирација од електричниот Porsche Taycan, но сличен пристап видовме и во неодамна освежениот голем SUV Cayenne (кој го возевме на официјалното претставување во Лајпциг).

Пред возачот се поставени целосно-дигитални инструменти кои се прикажуваат на 12.6-инчен дисплеј со висока резолуција. На централно-поставениот дисплеј наменет за мултимедијалните функционалности и контролите функционалности се дефинирани нови групирања за полесно да се дојде до важните параметри и нагодувања, а за прв пат е поставен и дисплеј пред совозачот преку кој има пристап до дигитални сервиси и услуги.

Дополнително, кабината добива и нови, редизајнирани отвори за вентилација кои се прилагодуваат електронски, а околу целата конзола има ново амбиентално осветлување. Од Porsche напоменуваат дека внимание е посветено и на практичноста – бидејќи селекторот за менувачот е поместен горе зад управувачот (повторно, како кај Taycan и Cayenne), директно е ослободено повеќе простор во централната конзола. Секако, тука се и новите врвни материјали и многуте други луксузни детали и додатоци.

Инаку, Porsche веќе објави детали околу погонските единици на новата Panamera, a со објавување на детали од кабината германскиот луксузен спортски бренд нè носи чекор поблиску до официјалната премиера. Новата генерација на Panamera ќе биде претставена на 24-ти Ноември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.