На само три дена пред официјалната премиера чешкиот бренд го објави последниот тизер за големиот Superb, но ги објави и официјалните скици од големиот седан.
Светската премиера е закажана за 2-ри Ноември, а Škoda денес ни го покажа последниот тизер пред официјалното деби на Superb. Преку тизерот, Škoda ги открива пропорциите на Superb, но и новите LED Matrix предни светла и LED задни светла со кристални елементи.
Истовремено, Škoda ги објави и официјалните скици од дизајнот на екстериерот на Superb – и тоа и во конвенционална изведба и во караванска форма. Со новиот Superb, Škoda во ниска и динамична силуета го пресликува Modern Solid дизајнерскиот јазик и најавува дека ќе постави нови стандарди во сегментот во кој се натпреварува Superb.
Останува да имаме уште само малку трпение – во четврток ќе го видиме новиот Superb!