Некои од челниците на автомобилските брендови признаваат дека има проблем со продажбата на електричните возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Некои од челниците на автомобилските брендови признаваат дека има проблем со продажбата на електричните возила

Со успорувањето на продажбата на електрични возила ширум светот, некои од директорите на големите производители признаваат дека нивните амбициозни планови се загрозени.

Меѓу најгласните е Mary Barra која е на чело на GM. Иако таа е еден од најгласните поборници на електричните возила, на неодамнешна дискусија по повод резултатите од третата четвртина од оваа година на GM, компанијата објави дека ќе ги напушти плановите да произведе 100.000 електрични возила во втората половина од оваа година и дополнителн 400.000 во првите шест месеци од следната. Всушност, од GM кажаа дека воопшто не знаат кога ќе ги постинат тие таргети. „Како што влегуваме подлабоко во трансформацијата кон електрични возила, работите стануваат потешки.“ – изјави Mary Barra.

Важно е да се напомене дека Mary Barra не е единствената која го има овој став. Неодамна и Elon Musk предупреди дека економски фактори ќе влијаат на побарувачката на возила. Истовремено, дури и Mercedes-Benz има грижи. Главниот финансиски директор на Mercedes-Benz – Harald Wilhelm на разговор со аналитирачи ијави дека „Не можам да замислам дека тековното статус кво е одржливо за било кој.“ Ситуацијата на пазарот е интересна, особено во САД каде повеќето производители даваат големи попусти на електричните возила, а некои од производителите ги намалуваат цените и до 10%.

Продавачите на возила кажуваат дека повеќе време е потребно да се продаде електрично возило отколку конвенционално бидејќи купувачите се фокусираат на цената, предизвиците со инфраструктурата и измени во животниот стил кои се потребни за да се поседува и вози електрично возило. Производителите веќе започнуваат да ги менуваат плановите и проекциите – Ford го продолжи само-наметнатиот рок да произведува 600.000 електрични возила годишно.

GM неодамна објави дека веќе нема да работи на развој на подостапно електрично возило кое ќе чини помалку од 30.000 долари. Сличен став неодамна објави и главниот извршен директор на Honda – Toshibiro Mibe кој во интервју за Bloomberg изјави дека „Откако го проучувавме проблемот цела година, одлучивме дека тоа е навистина тешко и го прекинуваме развојот на достапно електрично возило.“

Поврзано:  Новиот Ford Mustang GT пристигна во Македонија!

Единствено Akio Toyoda кој е на чело на Toyota Motor Corporation не е изненаден – „Луѓето конечно ја согледуваат реалноста“ – изјави тој.

Извор: Business Insider via Autoblog

Фотографија: Fortune Live Media / Flickr



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.