Healthy Seas во соработка со Хидробиолошкиот Завод од Охрид и Hyundai го чистеше Охридското Езеро – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Healthy Seas во соработка со Хидробиолошкиот Завод од Охрид и Hyundai го чистеше Охридското Езеро

Healthy Seas иницијативата работи ширум светот за да отстрани заборавени и напуштени мрежи за ловење риби, кои потоа во соработка со автомобилскиот гигант Hyundai ги рециклира и трансформира во обновливи материјали кои се користат во автомобилската индустрија.

Минатата седмица иницијативата Healthy Seas во соработка со Хидробиолошкиот Завод Охрид, Нуркачкиот Центар Амфора и автомобилскиот гигант Hyundai работеа на чистење на охридското езеро од таканаречени Ghost Nets, односно „Мрежи Духови“. Овие мрежи се напуштени, заборавени или фрлени мрежи за ловење риба кои се наоѓаат низ водните тела низ целата планета – како што за жал ги има и во Охридското Езеро.

Healthy Seas иницијативата ги чисти водните тела од овие мрежи кои потоа ги чисти, преработува и рециклира. Од нив се добива ситентички најлон кој потоа се преработува во материјали кои е користат во автомобилската индустрија. Hyundai е глобален партнер на оваа иницијатива и ги користи рециклираните материјали за да изработи патосници за своите автомобили. Според нуркачкиот центар Амфора кој беше локален партнер на Healthy Seas, за време на чистењето на четири локации беа идентификувани и отстранети преку 200 „мрежи духови“ со вкупна должина од повеќе од 12 километри!

Од Хидробиолошкиот Завод Охрид напоменуваат дека ваквите мрежи претставуваат вистинска закана за фауната и ендемските видови во Охридското Езеро бидејќи директно влијаат на животните услови на сите овие видови, особено на Охридската Пастрмка.

Ваквите иницијативи ја заслужуваат секоја поддршка и промоција и иако поврзувањето со автомобилската индустрија е индиректно, убаво е да се види како автомобилската индустрија работи на подобрување на животната околина, но и како „ѓубрето“ извадено од наше, македонско езеро се трансформира во рециклирани, повторно корисни материјали кои можеби ќе се најдат во вашиот следен нов автомобил.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.