Новата BMW Серија 5 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата BMW Серија 5 пристигна во Македонија!

Во салонот на BMW во Скопје пристигна новата „Петка“!

Новата BMW Серија 5 од денес може да се погледне во салонот на М-Кар во Скопје. Новата „Петка“ дебитираше пред само неколку месеци и со задоволство можеме да кажеме дека веќе пристигна и кај нас. Кај новиот седан на баварскиот бренд веднаш го забележуваме дизајнот кој повторно е малку контроверзен, но ќе кажеме дека во живо изгледа навистина многу добро и уверливо.

Како што BMW веќе најави, новата Петка е достапна со бензински и дизелски мотори, како и како целосно-електричен i5. Пристигнатиот и изложен примерок е 520d со 2-литарски турбодизел со 197 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

На самиот старт купувачите можат да изберат меѓу овој мотор, како и бензинските 520i и 530i додека за следната година се најавени помоќни мотори. Секако, моторите кои се веќе достапни се со лајт-хибридна асистенција за подобрена динамичност и намалена потрошувачка.

Кабината на новата Петка е технолошки подвиг и тука ги препознаваме влијанијата од големата Серија 7. Закривеното едноделно стакло поставено на конзолата сега е дом за 12.3-инчен дигитален дисплеј за инструментите и голем 14.9-инчен централен дисплеј за мултимедијалниот уред. Со новата Серија 5 дебитира и најновата генерација на BMW iDrive 8.5 оперативниот систем.

Според информациите кои пристигнаа од М-Кар, почетната цена на BMW 520d е 70.280 Евра, додека бензинскиот 520i чини од 70.910 Евра. Помоќниот бензинец со ознаката 530i чини од 82.590 Евра, но стандардно доаѓа со xDrive погон на сите четири тркала. Доколку сакате електричен i5 можете да изберете меѓу i5 eDrive40 и i5 M60 xDrive кои чинат 89.000 евра и 121.600 Евра, соодветно.

Новата „Петка“ е веќе изложена во салонот на BMW.

Поврзано:  ТЕСТ: BMW X2 M Sport xDrive 20d - Компетентен, динамичен и контроверзен!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.