Chiron Super Sport Golden Era е специјално, уникатно Bugatti со 45 „тетовирани“ скици – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chiron Super Sport Golden Era е специјално, уникатно Bugatti со 45 „тетовирани“ скици

Најновиот, специјален Chiron Super Sport ја носи ознаката Golden Era како и дури 45 скици од минати модели на Bugatti.

Sur Mesure („По Мерка“) програмата на Bugatti е задолжена за најважните и најбогатите клиенти на брендот. Конкретниот клиент ги контактирал преку салонот во Конетикат и според мајсторите од Молсхајм, ова е „можеби најпредизвикувачкиот уникатен проект“ на Sur Mesure одделот.

Проектот е резулат на двегодишна работа на сите тимови на Bugatti, а само за додавање на скиците на надворешноста биле потребни повеќе од 400 часа! Всушност, според Achim Anscheidt кој до неодамна беше дизајн директор на Bugatti, ваквите „супер-специјални нарачки се исклучително ретки“ и тимот не изработува повеќе од една-две годишно.

Но што точно барал клиентот? Барал да направи нешто посебно за на свој начин да го истакне Chiron Super Sport кој според него е „специјален момент во светот на автомобилите.“ Тимот одговорен за дизајн искочил со предлог рачно да се нацртаат скици на каросеријата на Chiron Super Sport, а клиентот „се заљубил“ во идејата.

На возачката страна има 19 скици од поновите модели на брендот, па тука ги наоѓаме EB110, Veyron, Chiron, Divo, Centodieci и La Voiture Noire. На совозачката страна ги има постарите модели од историјата на Bugatti, па тука ги наоѓаме Type 41 Royale и Type 57 SC Atlantic. Дополнително, има и детали од 3712-те делови на W16 моторот, како и специјален Golden Era натпис под задниот спојлер. Дизајнерите и клиентот одбрале специјална златна боја за под скиците која се вика Dore, која пак се прелева во металик-варијанта на Nocture Black црната боја која доминира на предниот дел.

Поврзано:   W16 Mistral е Bugatti Chiron во roadster варијанта

Секако, слично внимание добива и ентереирот – на внатрешниот дел од возачката врата се поставени EB110, Veyron и Chiron, додека на внатрешната страна од совозачката врата се Type 35, Type 57 SC Atlantic и Type 41 Royale.

Седиштата добиваат извезени Golden Era ознаки, додека на централниот гребен меѓу возачот и совозачот е исцртано специјално One of One лого.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.