Toyota најавува цврсти батерии со кои ќе направи револуција кај електричните возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota најавува цврсти батерии со кои ќе направи револуција кај електричните возила

Јапонскиот гигант најави дека работи на цврсти батерии кои ќе нудат автономија од над 1000 километри и ќе се полнат за само 10 минути.

Дали е на повидок вистинска револуција кај електричните возила? Ако се прашува Toyota – тогаш дефинитивно да. Јапонскиот гигант најави супер-напредни цврсти батерии (Solid-State Batteries) кои ќе овозможат значително подобрување на автономијата, но и побрзо полнење.

Во неодамнешна изјава за The Guardina, Toyota објави дека е направен сериозен чекор кон цврсти батерии кои според најавите ќе се најдат во сериско производство веќе во 2027. Според Toyota, процесот на производство на материјалите потребни за овие батерии е поедноставен, a Toyota кажуваат дека ова откритие е значителен чекор нанапред кој овозможува пократки времиња потребни за полнење, како и значително подобрена автономија.

„За нашите течни и цврсти батерии, целиме значително да ја измениме сегашната ситуација со тешки, големи и скапи батерии“ – изјави Keiji Kaita, претседател на центарот за истражување и развој на карбонска неутралност на Toyota, и додаде – „Во однос на потенцијалот, сакаме да ги преполовиме овие фактори.“

Kaita додаде дека откритието на Toyota ќе овозможи цврсти батерии кои ќе понудат автономија од 745 милји, односно 1200 километри „во наши мерки“. Ова е автономија која е импресивна дури и за возилата со конвенционални мотори, а Kaita додава дека полнењето ќе трае само 10 минути – и сето ова со батерија која е двојно полесна, помала и поевтина од тековните литиумски батерии кои се користат кај електричните возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.