Париз ќе наплаќа поскап паркинг за SUV модели со цел да се справи со дебелината на автомобилите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Париз ќе наплаќа поскап паркинг за SUV модели со цел да се справи со дебелината на автомобилите

Градското собрание на Париз одлучи да воведе повисоки цени за паркинг за SUV возила, како дел од борбата за намалување на загадувањето во главниот град на Франција.

Guardian пренесува за интересна и храбра одлука на париските власти. Сега за сега нема објавено конкретни детали околу оваа одлука, но познато е дека големината и тежината на возилото и неговиот мотор ќе бидат земени предвид кога ќе се формираат цените. Интересно, сега за сега од повисоките цени ќе бидат изземени електричните возила, како и оние возила кои ги имаат големи фамилии на кои им е потребно поголемо возило.

Советниците во Париз едногласно ја донесоа одлуката минатата година. Frédéric Badina-Serpette од партијата EELV кој ги предложи овие мерки изјави дека „Би сакале Париз да ги измени цените за паркинг и тие да бидат прогресивни во согласност со тежината и големината на возилото.“ Додаде дека неговата цел е да се фокусира на апсурдноста – дебелината на возилата и неоправданиот раст на тежината и големината на возилата на патиштата, особено во Париз.

Според официјалните податоци, бројката на SUV модели во Париз е зголемена за 60% во изминативе четири години и тие денес се вкупно 15% од 1.15 милиони приватни возила кои се паркирани во Париз секоја вечер. Со оваа одлука, челниците и советниците на Париз се надеваат дека ќе се промовира и охрабрува купувањето на мали и полесни возила.

„SUV-овите се незамисливи во урбана околина. Нема земјени патеки, нема планински патишта. SUV возилата се апсолутно бескорисни во Париз. Уште полошо, тие се опасни, гломазни и трошат премногу ресурси при производство“ – изјави David Belliard, заменик на градоначалникот одоговорен за јавен простор и политиките за мобилност.

Мерката ќе стапи на сила на 1-ви Јануари следната година, а властите во Лион најавија слична мерка. Следниот град кој се очекува да воведе ваква мерка е Гренобл.

Извор: The Guardian

Фотографија: Pixabay



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.