Land Rover Discovery Sport добива редизајнирана кабина за новата моделска година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover Discovery Sport добива редизајнирана кабина за новата моделска година

Land Rover подготви освежување за својот најмал модел, но измените се концентрираат на кабината на Discovery Sport.

Отворете ја вратата и ќе најдете нов, закривен 11.4-инчен централно-поставен мултимедијален екран со најновиот Pivi Pro оперативен систем. Меѓу другото, најновиот Pivi Pro доаѓа со целосна интеграција со Amazon Alexa, Apple CarPlay и Android Auto.

Секако, измените не завршуваат таму – целосно е изменет контролерот за менувачот со што е ослободено многу повеќе простор на централниот гребен меѓу возачот и совозачот и достапна е голема нова остава во централната конзола.

Во однос на замената на физичките контроли со дигитални контроли преку мултимедијалниот екран, од Land Rover кажуваат дека со редизајнирањето „90% од функционалностите се достапни со само две допирања на екранот.“

Меѓу другото, дел од стандардната опрема е и целосно-дигитален инструмент панел, безжично полнење за мобилен телефон како и лопатки за менување брзини поставени на управувачот. Discovery Sport добива и нов Cabin Air Purification Plus систем за прочистување на воздухот кој според Land Rover доаѓа со систем за филтрација на ПМ 2.5 честички како и nanoe X систем од Panasoci кој „се справува со патогените и помага значително да се намалат несаканите мириси, бактериите и алергените“.

Дополнително, на купувачите им се достапни и нови материјали за кабината – тука е класичната Windsor кожа, но и Suedecloth материјалот како и Luxtec материјалот кој се добива од рециклиран микрофибер.

Екстериерот на Land Rover Discovery Sport останува неизменет. Единствената разлика е кај Discovery Sport S кој добива црна предна решетка на ладилникот и нова боја, а купувачите ќе добијат и нови 19 и 21-инчни тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.