Alfa Romeo прашува: Како треба да се вика новиот мал кросовер? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo прашува: Како треба да се вика новиот мал кросовер?

По лансирањето на одличниот Tonale, Alfa Romeo ја продолжува моделската офанзива со новиот мал кросовер и ги прашува фановите како треба да се вика новиот модел.

Од Alfa Romeo најавуваат дека новиот модел ќе биде Спортско Урбано Возило (СУВ) и дека ќе ги смени правилата на игра во сегментот. Откриваат дека интерно моделот го нарекуваат „малиот“ но дека конечното име сè уште не е дефинирано и бараат предлози од фановите. Во медиумите и меѓу фановите на Alfa Romeo се шпекулираше името Brennero, но менаџментот на Alfa Romeo јасно потврди дека нема да се вика така.

Напоменуваат дека ако со Tonale (кој патем, веќе го возевме минатата година и токму нашата публика го избра за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија за 2023) започна метаморфозата на брендот кон светот на електрификацијата, тогаш со новиот модел Alfa Romeo ќе го претстави својот прв целосно-електричен автомобил. Новиот автомобил ќе биде претставен на почетокот на следната година, но италијанскиот бренд веќе започнува да ја загрева публиката за новото Спортско Урбано Возило.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.