Citroen C5 Aircross добива нов, супер-ефикасен лајт-хибриден погон со 136 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen C5 Aircross добива нов, супер-ефикасен лајт-хибриден погон со 136 коњски сили

Големиот SUV на Citroen го добива новиот 1.2-литарски лајт-хибриден турбо-бензинец кој се користи и кај останатите брендови на групацијата Stellantis.

Новиот хибриден погон е базиран на 1.2-литарски три-цилиндерски турбо-бензинец развиен специфично за хибридизација и дури 40% од деловите во моторот се нови.

Хибридниот погон го комбинира овој 1.2-литарски три-цилиндерски турбо-бензинец со нов електрифициран 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка (е-DSC6).  Во менувачот е интегриран мал електромотор кој генерира 29 коњски сили, а целата сила се пренесува кон предните тркала. Погонот испорачува 136 коњски сили и 230 Nm вртежен момент, а во ситуации на силно забрзување електромоторот испорачува дополнителни 12 коњски сили.

Електричната енергија доаѓа од мала литиум-јонска батерија со капацитет од 432 Wh, вградена под возачкото седиште.

Според Citroen, оваа комбинација ја намалува потрошувачката на гориво за до 1 литар на 100 изминати километри, односно околу 15%. Во градски услови потрошувачката се намалува и до 30% и според Citroen до околу 50% од урбаното возење може да се направи без никаква емисија на штетни гасови. Секако, новиот модел е целосно-компатибилен со строгите Euro 6.4 стандарди.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.