Подигнатиот пикап е оддалечен од подлогата за дополнителни 170 милиметри – а тоа го прави подготвен за справување со секаков терен!
Специјалистите за теренско возење од Delta 4×4 му посветија внимание на новиот Amarok и за него подотвија специјален третман кој го нарекуваат Beast 2.0. Каросеријата е подигната за цели 100 милиметри, а со доработената суспензија растојанието расте на 150 милиметри.
Но модификациите не завршуваат таму. Ако ги земете предвид и огромните 33-инчни теренски пневматици од BF Goodrich и поголемиот дијаметар кој го имаат во споредба со стандардите, тогаш вкупното подигнување е дополнителни 170 милиметри.
Според Delta 4×4, ова овозможува да бидат поставени уште поголеми, 35-инчни пневматици. Секако, за да ги собере огромните 33-инчни пневматици, Delta 4×4 подготвија и полиуретански проширувања за крилата кои ја зголемуваат ширината на Amarok за 60 милиметри по страна, односно вкупно 120 милиметри, а теренските пневматици се ставени на 18-инчни фелни.
Колку чини сето ова? Подигнувањето на каросеријата чини 2600 Евра, додека надградената суспензија чини дополнителни 1600 евра. Тркалата и пневматиците? Уште 2900 Евра. Страничните проширувања? 1800 Евра. Не е евтино, но кога финалниот резултат изгледа вака…