ИНТЕРВЈУ: Patrick Weiland, ROWE: Гарантираме дека нашите масла се развиени и произведени во Германија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ИНТЕРВЈУ: Patrick Weiland, ROWE: Гарантираме дека нашите масла се развиени и произведени во Германија

Мотоцентар од неодамна е партнер на германскиот производител на средства за подмачкување ROWE, а ние имавме можност да поразговараме со претставник на компанијата околу нивните планови, експертизата добиена од тркачките патеки и квалитетот на нивните производи.

Мотоцентар неодамна склучи ексклузивно партнерство за дистрибуција на целото портфолио на продукти на ROWE во Македонија. Со овој чекор, преку продажно-сервисната мрежа на Мотоцентар, производите на ROWE ќе стигнат чекор поблиску до купувачите во државата. За да дознаеме повеќе зборувавме со Patrick Weiland, кој е Експорт Менаџер во рамките на компанијата, одговорен за европскиот пазар.

CARclub: Здраво, и Ви благодариме за времето кое го одвоивте за да зборувате со нас. На самиот почеток, кажете ни на нам и на нашите читатели нешто повеќе за вас и за вашата позиција во рамките на ROWE.

PW: Здраво, јас сум Patrick Weiland, имам 39 години и четири деца. За ROWE работам како Менаџер за Експорт безмалку 5 години и сум одговорен за купувачите и партнерите на европскиот пазар.

Една од моите најважни улоги е да го претставувам брендот ROWE во странство, да ги поддржувам нашите дистрибутери во сите активности околу промоција на брендот и продажбата на нашите продукти. Истовремено, моја работа е да најдам нови партнери во земји во кои ROWE сè уште не е присутен.

CARclub: Ако ја земеме во предвид експанзијата нa ROWE, какви се вашите планови за Балканот и особено Македонија? Како планирате да го искористите искуството на локалните партнери за да ги приближите вашите продукти поблиску до купувачите, и како ќе го искористите германското потекло на ROWE?

PW: Она кое треба да го знаете е дека земјите од Балканот се меѓу нашите најсилни пазари во рамките на Европа веќе многу години. Во сите земји-соседи на Македонија имаме долгогодишни соработници и веќе имаме значителен удел во пазарот за лубриканти.

Многу сум среќен дека најдовме доверлив партнер во Македонија, со кој можеме заеднички да го развиваме пазарот. Дознавме дека има многу луѓе на Балканот кои сакаат да го добијат највисокиот квалитет кога станува збор за средствата за подмачкување и кои се подготвени да го платат тоа кога им се нуди по фер цена.

Ова се купувачите кои ги бараме, и кои – според мене – се веќе услужени преку нашиот партнер Мотоцентар. Ознаката „Made in Germany“ тука игра голема улога. Нема да верувате колку компании го користат слоганот за своите продукти, но тие продукти се произведени на некое сосем друго место. Ние гарантираме дека нашите производи се 100% развиени и произведени во Германија – и во нашиот случај, можеме лесно да го докажеме тоа. Редовно ги каниме нашите клиенти на локални настани во Германија – на фудбалски натпревар или пак на партнерски настан или на трка на Nurburgring – а овие настани се секогаш придружени и со посета на нашите објекти, каде докажуваме дека ја имаме најмодерната фабрика за средства за подмачкување во Европа.

CARclub: ROWE влече многу искуства од трките. Какви примери можете да ни дадете за тоа како трките придонесуваат кон подобрување на продуктите наменети за финалните купувачи?

PW: Голема предност на ROWE во споредба со нашите конкуренти е дека имаме наш сопствен тркачки тим во рамките на холдингот. Ова значи дека не е едноставно спонзорство, туку дека имаме наш тим. Ова ни дава можност директно да ги набљудуваме и да го тестираме однесувањето на лубрикантите во услови на голем стрес и оптоварување – и токму ова знаење го користиме за да ги развиваме и да ги подобруваме нашите продукти.

CARclub: Во однос на позиционирањето, каде припаѓа ROWE и кон кои купувачи целите?

PW: Бараме купувачи и корисници кои се грижат за квалитетот. Ако сте автомобилски ентузијаст секогаш ќе бидете повеќе од задоволни со нашите продукти. На нашите купувачи не само што им се допаѓа брендот – тие го сакаат! Нашата цел е да понудиме продукти со најдобар можен квалитет за нивните возила и токму ова е причината зошто ROWE толку брзо расте изминативе 26 години.

CARclub: Автомобилската индустрија се менува и гледаме континуирано пренасочување кон електричните возила (ЕВ). Кои се плановите на ROWE со оглед на оваа радикална промена на насоката на автомобилската индустрија?

PW: Сигурни сме дека не може да се случи целосна електрификација на автомобилската индустрија. Има многу фактори кои го спречуваат тоа – недоволна испорака на енергија и сè уште недоволна инфраструктура  за полнење. Автомобилската индустрија и добавувачите веќе работат на поефикасни решенија – од водород па сè до е-горива, односно синтетички горива.

Секако, е-мобилноста ќе има улога во иднината, но и на електричните возила им требаат средства за подмачкување и ние веќе планираме како да го прошириме нашето портфолио со продукти специјализирани токму за електричната мобилност. Секако, дел од побарувачката ќе биде намалена со пренасочувањето кон електричните возила и мораме да бидеме подготвени и за тоа, а еден дел од таа стратегија е проширувањето на интернационалните соработки.

Во многу земји е-мобилноста има споредна улога и пренасочувањето кон е-мобилноста во тие земји ќе биде одложено за во иднината. Дополнително, се фокусираме и кон понатамошен развој на продукти наменети за други апликации – индустриски продукти базирани на обновливи материјали.

CARclub: Која е вашата порака за македонските купувачи?

PW: Во вакво време, само квалитетот ќе биде траен! Секоја минута некој пробува да направи нов бизнис базиран на низок квалитет и ниски цени – особено кога станува збор за лубрикантите. Но морате да се потпрете на квалитетот и со нашата нова соработка со Мотоцентар како импортер и дистрибутер за нашето целосно портфолио заедно ќе работиме на македонскиот пазар и ќе работиме кон подигнување на квалитетот на маслата кои се нудат на вашиот пазар!


Му благодариме на Patrick за одвоеното време и на компаниите ROWE и Мотоцентар им посакуваме успешна и долгогодишна соработка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.