full screen background image
Search

Мотоцентар станува ексклузивен партнер на германскиот производител на масла ROWE

На денешната промоција, македонската компанија Мотоцентар ја официјализираше соработката со германскиот производител на средства за подмачкување ROWE.

Нашите пријатели од Мотоцентар денес го официјализираа новото стратешко партнерство со компанијата ROWE. Германскиот производител на премиум моторни масла, лубриканти за авто-мото индустријата и авто козметика, со Мотоцентар склучи ексклузивно партнерство за дистрибуција на целото портфолио на продукти на ROWE во Македонија. Со овој чекор, преку продажно-сервисната мрежа на Мотоцентар, производите на ROWE ќе стигнат чекор поблиску до купувачите во државата.

Инаку, ROWE е компанија основана во 1995-тата година и од тогаш континуирано расте и ги подобрува своите продукти. Производството е во Германија, а ROWE наоѓа место како во таканаречено First Fill вградување кај многу производители на автомобили, така и во постпродажниот сегмент и во редовното одржување на автомобилите во официјалните сервиси.

„Наш приоритет е континуирано овозможување врвна понуда за нашите корисници. Покрај обемното портфолио на пневматици, нашата деловна стратегија содржи и понуда на резервни делови, средства за подмачкување и авто козметика. Во тој правец, со стратешкото партнерство со “ROWE“ го носиме препознатливиот германски квалитет и високи стандарди на чекор до љубителите на автомобилизмот во Македонија. На таков начин го збогатуваме портфолиото на Мотоцентар и со широкиот асортиман производи ROWE наменети за третман на возила, уште еднаш ја потврдуваме позицијата на Мотоцентар како предводник на трендовите во овој авто-мото сегмент во нашата држава.“ – изјави г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на Мотоцентар.

„ROWE нуди целосен асортиман на производи за возила, 100% направени во Германија, кои се развиени и произведени по највисоки стандарди! Со нашите моторни масла и други продукти, како масла за менувач и течности за ладење, на потрошувачите им нудиме лубриканти за нивните превозни средства, со квалитет кој до сега не беше достапен на територија на Македонија“ – изјави г-дин Патрик Вајланд (Patrick Weiland), Регионален Менаџер за Продажба во ROWE.

Патрик Вајланд потенцираше дека очекува 2023 да биде успешна година за двата партнери – „ROWE“ и „Мотоцентар“. “Преку веќе докажаните дистрибутивни канали и продажни точки, Мотоцентар ни овозможува сѐ што е потребно за позиционирање на ROWE како еден од водечките брендови за лубриканти во земјата. За да ја постигнеме оваа цел, исто така, подготвени сме многу да инвестираме во развој на нашиот бренд на македонскиот пазар“ – додаде Вајланд.

Истовремено, на промотивниот настан кој се одржа по повод склученото партнерство и презентација на производите на ROWE, присуствуваше и познатиот македонски натпреварувач во автомобилски трки, г-дин Игор Стефановски – Иџе. Како дел од програмата за поддршка и промоција на спортот, во рамки на активностите на македонскиот пазар, со поддршка на Мотоцентар, германскиот бренд ROWE и Игор Стефановски – Иџе склучија партнерство за спонзорска програма.

Им посакуваме многу среќа на Мотоцентар и на ROWE, како и многу успеси на Иџе во трките во соработка со ROWE.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.