Porsche го откри ентериерот на новиот Cayenne – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го откри ентериерот на новиот Cayenne

Porsche се подготвува да го претстави темелно-освежениот Cayenne, а откривањето започнува токму со ентериерот на спортскиот луксузен SUV.

Ако кажете дека редизајнираната кабина на Cayenne е инспирирана од електричниот Taycan, најверојатно нема да бидете премногу далеку од вистината. Пред возачот е поставен нов 12.6-инчен дигитален инструмент-панел со седум различни режими на приказ, меѓу кои е и Night Vision приказот.

Истовремено, на централната конзола е поставен нов 12.3-инчен екран наманет за инфозабавниот уред. Секако, овој уред има целосна Android Auto и Apple Carplay интеграција, но интересен новитет е и интеграцијата со Apple Music и Spotify. На дисплејот може да се прикажува и видео, но само кога возилото е паркирано.

Деталот кој највеќе нè потсеќа на Taycan е новиот, трет екран поставен пред совозачот. 10.9-инчниот дисплеј е вграден во конзолата пред совозачот и му овозможува да ја контролира навигацијата. Совозачот ќе може и да гледа видеа на овој екран, но самиот дисплеј е покриен со специјален филтер за возачот да не може да гледа, односно екранот да не може да му го одвлече вниманието.

Управувачот на освежениот Cayenne доаѓа од 911, а контролерот за менувачот веќе не е на централната конзола туку на мал прекинувач поставен зад управувачот. Ова ослободува простор на централната конзола за други елементи – дискретни контроли за клима уредот, контролер за аудио уредот, место за одлагање ситници, итн.

Премиерата на новиот Cayenne е закажана за 18-ти Април.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.