ПРЕМИЕРА: Помоќна, поефикасна, технолошки-понапредна и темелно редизајнирана – Opel ја претстави освежената Corsa – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Помоќна, поефикасна, технолошки-понапредна и темелно редизајнирана – Opel ја претстави освежената Corsa

Пред само неколку минути Opel ги објави деталите за освежената Corsa!

Новата Corsa доаѓа – и тоа во текот на оваа година! Веднаш се забележува редизајнираниот преден дел кој сега го носи Vizor елементот кој го носат и другите модели на брендот, како и редизајнираниот преден браник со скулптурирани детали. Ни се допаѓаат и елементите во страничните делови на браникот кои изгледаат како отвори за воздух, кои дополнителни ја истакнуваат динамичноста на малата Corsa.

Профилот е неизменет, додека задниот дел добива затемнети светлосни групи како и нова, централно-поставена Corsa ознака.

Но особено ни се допаѓа новата Grafik Grey сива боја која за прв пат се нуди кај Corsa – изгледа несекојдневно и футиристички и дополнително ја нагласува технолошката надградба на освежената Corsa.

А каква е технолошката надградба? Ајде ќе започнеме со новиот лајт-хибриден погон со 48-волтен систем. Овој мотор ќе биде достапен во изведби со 100 и 136 коњски сили, и ќе се комбинира со автоматски менувач со двојна спојка. Покрај овие мотори ќе се нудат и досегашните бензинци. Но погонските освежувања не застануваат таму – сега Corsa Electric ќе може да се добие со два различни погони – едниот погон е со 136 коњски сили и автономија до 357 километри, како и нов погон со 156 коњски сили и автономија до 402 километри според WLTP мерењата. Батеријата (на доволно брз полнач, секако) се полни до 80% за само 30 минути.

Понатаму, Corsa добива и целосно-нови Intelli-lux LED Matrix предни светла. Новите светла имаат 14 (наместо 8) засебно-контролирани LED елементи. Corsa добива и нова задна камера со висока резолуција, но и адаптивен темпомат, ограничувач на брзината на движење, детектор на преден удар со автоматско итно сопирање и препознавање пешаци, итн…

Всушност, благодарение на сите овие технолошки унапредувања, но и на редизајнираниот ентериер – Corsa сега има и уште попријатна кабина. Кабината добива нови материјали, нова рачка за менувачот и нов управувач. Врвниот новитет во кабината е целосно-дигиталниот кокпит и новиот инфозабавен систем. Corsa добива целосно-интегрирана Snapdragon Cockpit Platform од Qualcomm која со себе носи надградена графика, мултимедијални способности и AI можности за да понуди контекстуален и адаптивен кокпит-систем кој се прилагодува на желбите на патниците.

Поврзано:  ТЕСТ: Opel Astra 1.2 Turbo 110 MT6 Edition - Кога основната верзија и не е толку основна.

И исто како кај најновата Astra, применет е пристапот Detox to the Max – навигацијата нуди поврзани услуги, системот препознава гласовни команди, а 10-инчниот централен дисплеј и инструментите пред возачот се направени појасни и полесни за користење. За прв пат кај Corsa, системот доаѓа со безжично Apple Carplay и Android Auto поврзување, како и безжично полнење.

Сето ова го прави освежувањето на Corsa едно од најекстензивните во индустријата. Германскиот хечбек веќе е еден од бест-селерите во класата и сигурни сме дека сега Corsa ќе биде уште поуверливa и попривлена.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.