Laurin & Klement портфолиото на Škoda станува електричнo со Enyaq и Enyaq Coupe L&K – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Laurin & Klement портфолиото на Škoda станува електричнo со Enyaq и Enyaq Coupe L&K

Škoda само што ги претстави новите врвни Laurin & Klement изведби на електричните Enyaq и Enyaq Coupe – електричните кросовери добиваат полуксузен изглед, дополнителна опрема и надградени перформанси.

Enyaq L&K може да се добие со погон на задните или на сите четири тркала, а се нуди со 285-коњски електромотор кој овозможува спринт до 100 километри на час за 6.6 односно 6.7 секунди. Максималната брзина е ограничена на 180 километри на час а автономијата е 570 односно 550 километри. Од Škoda напоменуваат и дека полнењето е оптимизирано па на доволно брз полнач батеријата се полни од 10 до 80% за помалку од 30 минути.

Истовремено, електричните кросовери го добиваат најновиот ME4 софтвер кој овозможува предзагревање на батеријата, нови прикази за мултимедијалниот уред и инструментите пред возачот, редизајниран главен екран и опции за нови кратенки. Истовремено додаваат дека е подобрено функционирањето на загревањето на ветробранското стакло, рециркулацијата на воздухот и Lane Assist системот за следење на коловозна лента. Со софтверот пристигнуваат и нови мапи за навигацијата.

Laurin & Klement изведбите на Enyaq и Enyaq Coupe добиваат засебни, полуксузни браници, задни дифузери и капаци на страничните ретровизори. Добиваат и странични прагови во боја на каросеријата, хромирана предна маска, кровни носачи и декоративни елементи околу стаклата.

Купувачите ќе можат да изберат меѓу ексклузивни 20 или 21-инчни тркала, а ќе добијат и специјални значки кои ги означуваат моделите. Стандардно ќе доаѓаат со осветлена предна маска, LED Matrix предни светла, LED задни светла и затемнети задни стакла. Интересно, го нема iV суфиксот (кој Škoda најави дека нема да го има на идните електрични модели).

Поврзано:   Македонска премиера на освежените Škoda Scala и Kamiq

За кабината се достапни два пакети – Design Selection L&K Shell е стандардниот пакет и доаѓа со кожа во кремаста беж боја. L&K Black добива црна кожа. Кабината добива и алуминиумски педали, како и предни седишта со загревање, вентилација и масажа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.