Буба Клуб Македонија го прослави својот 13-ти роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Буба Клуб Македонија го прослави својот 13-ти роденден!

Клубот на сопственици на легендарната Volkswagen „Буба“ викендов – заедно со пријателите од земјата и регионот – го прослави својот 13-ти роденден!

Буба Клуб Македонија постои веќе 13 години! Пред точно 13 години клубот започна со работа и зад себе има повеќе од една декада искуства и незаборавни моменти. Учества на меѓународни настани, собири и натпревари, но и многу помош и поддршка за сите членови на клубот, како и помош и поддршка на другите клубови низ Македонија. Викендов тие го прославија роденденот и ни кажаа дека се навистина горди на постигнатото. Заедно со пријатели од Србија, Црна Гора, Грција и други земји уживаа во своите автомобили и го разубавеа нашиот главен град.

Им го честитаме роденденот и им посакуваме уште многу возење, многу дружење и многу насмеани моменти со нивните Буби! Среќен роденден момци!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.