Jaguar Land Rover ќе се трансформира во JLR, Range Rover, Defender и Discovery ќе станат засебни брендови – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar Land Rover ќе се трансформира во JLR, Range Rover, Defender и Discovery ќе станат засебни брендови

Reimagine планот кој го најави британскиот луксузен бренд вклучува трансформација на пристапот, моделите и погоните за производство.

Првата промена започнува со промена на името на луксузниот бренд. JLR во иднина нема да биде кратенка од Jaguar Land Rover – токму JLR ќе биде новото официјално име. Според најавеното, компанијата сака да биде „куќа на брендови“ во која Defender, Discovery и Range Rover ќе бидат засебни брендови покрај постоечкиот Jaguar.

„Клучно за нашата Reimagine стратегија е формирање на новата Куќа на Брендови – чекор кој е природна еволуција на нештата – со цел да ја издигнеме и истакнеме уникатноста на нашите карактеристични британски марки“ – изјави Професор Gerry McGovern OBE, главниот креативен офицер во JLR и додаде – „Нашата крајна амбиција е да изградиме навистина емотивно и активирачко искуство за нашите клиенти кое преку време ќе изгради висока вредност за нашите брендови и долгорочна одржливост за JLR.“

Што всушност значи сето ова? Целта e JLR да биде „electric-first“ луксузен бренд веќе до 2030 и за да го постигне тоа, JLR најави дека следната генерација на електричната платформа наменета за електрични SUV модели (која ја нарекуваат ELR) ќе биде основа за првиот целосно-електричен Range Rover кој ќе пристигне во 2025. Истовремено се работи и на три нови електрични возила за Jaguar – и првото вакво возило ќе биде електричен GT со високи перформанси кој ќе дебитира во 2025.

Интересно, од JLR најавуваат дека целосно да се префрлат кон електричните возила и дека ќе ја задржат тековната MLA архитектура за возила со хибриден погон и возила со мотори со внатрешно согорување.

Поврзано:   Jaguar се збогува со F-Pace со две специјални изведби на луксузниот SUV

Но Reimagine планот не завршува таму, туку ќе продолжи со редизајнирање и ребрендирање на производствените капацитети. Halewood фабриката во Merseyside во Обединетото Кралство ќе биде централна точка за производство на електрични возила поставени на новата ELR платформа, а фабриката за мотори во Wolverhampton ќе биде трансформирана во Electric Propulsion Manufacturing Center. Најавено е дека и легендарниот Castle Bromwich каде се прават каросериските делови ќе биде надграден за понатамошно производство на каросериски делови за електричните модели.

Колку ќе чини сето ова? Многу. JLR ќе инвестира 15 милијарди Фунти (околу 17 милијарди Евра) во следните пет години и планира сето ова да има позитивни резултати веќе во 2025. Според планот, веќе во 2030 секое возило на JLR ќе се нуди во целосно-електрична варијанта.

„Горд сум што најавувам дека ја забрзуваме нашата траекторија кон електрификацијата. Оваа инвестиција ни овозможува да ја испорачаме нашата модерна луксузна електрична иднина, да развиеме нови вештини и одново да ја потврдиме нашата посветеност да бидеме неутрални во однос на емисиите на јаглеродни гасови до 2039.“ – изјави Adrian Mardell, Главниот Извршен Директор на JLR.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.