Porsche ни открива дел од ликот на новиот Cayenne пред официјалната премиера – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ни открива дел од ликот на новиот Cayenne пред официјалната премиера

Porsche ќе го претстави освежениот Cayenne на саемот на автомобили во Шангај, но веќе објави една фотографија на која делумно го открива ликот на новиот спортски луксузен SUV.

Porsche веќе ни покажа неколку фотографии од ентереирот на новиот Cayenne, но денес ја гледаме првата фотографија од екстериерот на освежениот голем луксузен SUV. На објавената фотографија го гледаме новиот дизајн на предните светла, кој пак влече инспирација од електричниот Taycan. Хоризонтално-поставените дневни светла го формираат препознатливиот светлосен потпис на Porsche и истовремено светлосните елементи добиваат нова, HD Matrix LED технологија која би требало да ги направи двојно посилни и посветли.

Премиерата е закажана за рано утре наутро на Саемот на Автомобили во Шангај – ние секако ќе ги пренесеме сите детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.