Новата Opel Astra ја освои Red Dot наградата за дизајн! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Opel Astra ја освои Red Dot наградата за дизајн!

Најновата, тековна генерација на Opel Astra ја проширува долгата низа признанија со наградата Red Dot за дизајн!

Бројни други модели на Opel и алатки за комуникација веќе ја добија посакуваната награда. Како еден од најголемите светски конкурси за дизајн, наградата „Red Dot“ повеќе од 60 години го препознава иновативниот дизајн во категориите „Product Design“, „Brands & Communication Design“ и „Design Concept“. Во 2023 година, стручното жири оценуваше производи од 60 земји. Оваа награда не се спроведува како натпревар, туку преку индивидуален тест на производот.

И токму дизајнот на новата Astra го импресионира и меѓународното стручно жири на Red Dot Awards. Стручното жири составено од 43 експерти оваа година на компактниот бестселер од Риселсхајм му ја додели наградата Red Dot 2023 во категоријата „Product Design“. Оваa награда се приклучува во широката листа на признанија на Astra. Меѓу другото овој автомобил веќе ја освои наградата „Златен Управувач 2022“, беше прогласен и за „Семеен Автомобил за 2022“, а независното стручно жири на „German Car Awards“ (GCOTY) ја изгласа Astra за „Германски компактен автомобил за 2023“.

„Нашата филозофија за смел и елегантен дизајн навистина се истакнува кај најнова генерација на Opel Astra. Како и секој нов модел на Opel, Astra доаѓа со експресивното лице на брендот Opel Vizor и комбинира иновативна технологија со емотивен дизајн. Ние, исто така, ја развивме патничката кабина според овој принцип. Целосно дигиталниот Pure Panel може да се управува интуитивно и е фокусиран на најважните работи“ – изјави потпретседателот за дизајн на Opel, Mark Adams.

Ние веќе навистина добро ја познаваме новата Astra – минатата година имавме ексклузивна можност да ја возиме новата Astra во нејзината караванска изведба во домот на Opel – Риселхајм, а потоа ја возевме Astra во хечбек изведба на наш, домашен терен. На почетокот на оваа година бевме меѓу првите во светот кои се запознаа со новата GSe значка на Opel и во Шпанија ја возевме токму спортската Astra GSe.

Поврзано:   Opel произведува автомобили веќе 125 години!

Red Dot признанието е вистински бенчмарк во светот на дизајнот, бидејќи ги препознава иновативните решенија и дизајни кои не само што ги идентификуваат трендовите и го извлекуваат максимумот од нив, туку истовремено ги наградува дизајните кои ќе ги поставуваат идните трендови во својот сегмент – и сигурни сме дека токму Astra со својот храбар, препознатлив и самоуверен дизајн ќе го направи токму тоа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.