Hyundai ја претстави освежената Sonata и кажува дека е многу повеќе од само фејслифт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai ја претстави освежената Sonata и кажува дека е многу повеќе од само фејслифт

Со освежувањето, Sonata добива лик инспириран од новите Kona и Staria, но добива и спортска N Line верзија која изгледа навистина одлично.

Темелно редизајнираната Sonata добива нов, спортски лик кој е особено нагласен кај Sonata N Line. Несекојдневните дневни светла се заменети со едноделен светлосен LED елемент кој ги спојува двете предни светлосни групи, а браникот е со широки и длабоки отвори за воздух. Редизајниран е и задниот дел каде се нагласува хоризонталноста. Всушност, кај целиот автомобил дадено е многу внимание на хоризонталните детали се потенцира ниската и широка каросерија.

Sonata N Line добива уште понагласени детали, како и редизајниран заден браник со видливи завршетоци на издувниот систем.

Голема трансформација има и во кабината – освежената Sonata е првиот модел на Hyundai кој добива огромен закривен дисплеј кој се состои од два 12.3-инчни дигитални панели. Едниот е наменет за возачот, вториот е наменет за инфозабавниот систем. Сепак, за пофалба е дека и покрај ваквата дигитализација, Sonata ги задржува физичките контроли за многу од фунцкионалностите во кабината. Добива и редизајниран управувач, како и контролер за менувачката кутија поставен на управувачкиот столб.

Ваквите драстични промени се ретки кога станува збор за фејслифт, но очигледно Hyundai има многу доверба во својот голем седан па одлучи да му посвети навистина многу внимание. Нам ни изгледа одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.