Новиот T-Class на Mercedes-Benz пристигна во салонот на Мак Аутостар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот T-Class на Mercedes-Benz пристигна во салонот на Мак Аутостар

Неодамна во салонот на Mercedes-Benz пристигна Citan Tourer, а деновиве пристигна новиот T-Class кој е базирана на популарното комерцијално возило – но е темелно преработен за да понуди луксузен и супер-практичен семеен транспорт.

Иако T-Class навистина наликува на Citan Tourer, сепак препознаваме значителни разлики кои го издвојуваат полуксузниот модел. T-Class добива поголеми тркала, подискретни хромирани декоративни елементи, редизајниран преден браник и странични ретровизори кои се во иста боја со каросеријата. Пристигнатата верзија е со пет седишта, а од Mercedes-Benz најавуваат дека наскоро во понудата ќе се најде и верзија со седум седишта.

Кабината добива редизајнирани детали, но и повеќе станардна опрема. Дел од опремата е и MBUX инфозабавниот систем со 7-инчен екран и Android Auto и Apple CarPlay поврзување, а меѓу аналогните инструменти е поставен 5.5-инчен дигитален дисплеј.

Меѓу другото, купувачите ќе добијат и систем за препознавање гласовни команди, стартување без клуч, Neotex вештачка кожа (или Artico природна кожа). Листата на опрема за безбедност вклучува 7 воздушни перничиња и грст систем за асистенција во возењето.

Секако, најголемиот талент на T-Class е токму просторната понуда – во кабината има многу, многу простор, како и многу практични решенија кои семејните купувачи ќе ги ценат. За разлика од (по)комерцијалниот Citan Tourer, T-Class доаѓа со единечна врата за багажниот простор.

Т-Class може да се нарача со 1.5-литарски турбодизел со 95 или 116 коњски сили (230, односно 260 Nm вртежен момент), или пак со 1.3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 102 или 131 коњска сила. Сите мотори стандардно ќе се нудат со 6-степен мануелен менувач, но помоќниот турбодизел и турбо-бензинците можат да се комбинираат со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а сите верзии ја испорачуваат силата кон предните тркала.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на Mercedes-Benz или пак салонот на Мак Аутостар



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.