MG HS е најпродаван автомобил во Обединетото Кралство во Јануари годинава – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MG HS е најпродаван автомобил во Обединетото Кралство во Јануари годинава

Големиот SUV на MG кој е достапен со бензински и плаг-ин хибриден погон беше најпродаван нов автомобил во Обединетото Кралство во Јануари годинава.

Според податоците кои пристигнаа од SMMT (Society of Motor Manufacturers & Traders), големиот SUV на MG е најпродаван нов автомобил во првиот месец од оваа година. Продажбата на MG е зголемена за импресивни 108% во однос на Јануари минатата година и во првиот месец од оваа година биле испорачани и регистрирани вкупно 7433 возила, а 3481 примерок биле бензински или плаг-ин хибриден HS односно EHS.

Воопшто не сме изненадени од ваквите резултати – ние веќе имавме можност да го возиме плаг-ин хибридниот EHS и големиот SUV на MG успеа да ни остави позитивни впечатоци. За да дознаете повеќе, погледнете го нашиот тест на MG EHS.

Истовремено, MG втора година по ред добива признание за најбрзорастечки мејнстрим бренд во Обединетото Кралство, помалиот MG ZS е на осмото место по продажба во Јануари годинава, а електричните MG4 и MG5 ја имаат задачата да го продолжат успехот во годините кои доаѓаат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.