Alfa Romeo слави 100 години Quadrifoglio! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo слави 100 години Quadrifoglio!

Ознаката со која Alfa Romeo ги маркираше своите тркачки автомобили за да ги издвои од тркачките автомобили на Ferrari годинава ја слави својата стогодишнина!

Во 1923-тата година на трката Targa Florio, возачот Ugo Sivocci ја стави детелинката со четири листа на неговиот Alfa Romeo RL и победи – и токму тука започнува врската меѓу Alfa Romeo и значката Quadrifoglio. Детелинката со четири листа се појавуваше и на Grand Prix тркачките автомобили во 1920-тите години за да се издвојат од идентичните возила кои ги возеше Scuderia Ferrari, па сосем заслужено и разбирливо, оваа година Alfa Romeo слави 100 години од легендарната ознака. Оваа ознака ја носеа и победниците на првите официјални сезони на F1 во 1951 и 1952, а од 1960-тата година Alfa Romeo ја користи Quadrifoglio значката и за спортските автомобили наменети за улиците.

Годинава Alfa Romeo слави и 60 години Auto Delta. Компанијата Auto Delta започна со тјунирање на модели на Alfa Romeo но понатаму стана официјална тркачка дивизија на италијанскиот бренд.

Како дел од славеничките активности, Alfa Romeo годинава ќе испорачува автомобили со специјални Quadrifoglio и Auto Delta значки на кои ќе биде прикажана годината на основање на брендовите. Понатаму, дел од прославата ќе биде и посета на музејот на Alfa Romeo во Arese на 5ти Март за да се означи годишнината на Auto Delta, а 25-ти Јуни е прогласен за Ден на Quadrifoglio и на тој ден ќе биде организирана и специјална парада.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.