Пред повеќе од 20 години започна Fast & Furious сагата а вечерва го имаме првиот трејлер за Fast X – верувале или не, 11-тиот филм во франшизата и претпоследниот филм од оваа автомобилиска приказна.
Возеа, се тркаа, се тепаа, пукаа, зборуваа многу за фамилијата, па стигнаа и до вселената – низ изминатите 20 години видовме многу неверојатни сцени и малиот филм за улично тркање прерасна во глобална франшиза. Некои филмови беа поинтересни од другите, некои сцени беа поневеројатни од другите – но филмовите секогаш беа забавни.
Годинава пристигнува и Fast X – филмот кој е десетти во примарната серија, односно единаесетти во франшизата. Да уживаме во првиот трејлер!