Европскиот директор на Mazda смета дека забраната на возила со конвенционални мотори е срамна одлука на политичарите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Европскиот директор на Mazda смета дека забраната на возила со конвенционални мотори е срамна одлука на политичарите

Во интервју за Top Gear, Главниот Извршен Директор на Mazda Europe кажува дека ограничувањето на само една технологија е срамна и ограничувачка одлука.

Во интервју за Top Gear, Martijn ten Brink кажува дека „корпоративниот одговор е дека ќе бидеме подготвени за било која легислатива која ќе биде донесена“. Но истовремено, додава дека лично, многу му е тешко да ја разбере одлуката да се забрани продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување од 2035-тата година. Тој кажува дека не е дека не ги сака електричните возила, туку дека е срамно дека веќе е донесена одлука за технологиите а најчесто најголемите иновации се случуваат кога ќе се постави цел, но не им се кажува на инженерите и оние кои работат на развојот, како да стигнат до таа цел.

„Јас имам проблем со фактот дека тие (политичарите) одлучија како да стигнеме до таа цел. И според нив, решението е само електрични возила. Навистина ќе отфрлите сè друго? Дури и решенијата кои во моментов воопшто не постојат? Сметам дека тоа е срам за политичарите. Тоа не е нивна работа. Нивната работа е да бараат иднина без емисија на штетни гасови, но како ќе стигнеме до тоа треба да биде резултат на иновациите, претприемништвото и креативноста.“

Тој додава – „Јапонците имаат иста цел, но вклучуваат и биогорива и зелен водород и подготвени се да погледнат и опции кои се нови и можеби не се целосно подготвени. Тука сите престанаа да инвестираат во тие опции бидејќи легислативата едноставно не ги дозволува. Мислам дека тоа е огрмна грешка. Мислам дека продавање само возила со нула емисија на штетни гасови до 2035 е во ред, но одлуката дека мора да бидат Батериски Електрични Возила е срамна. Секако, тоа е мое лично мислење.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.