Renault Austral е прогласен за AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2023! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Austral е прогласен за AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2023!

Renault Austral е избран за победник на „AUTOBEST 2023“ – европско признание за автомобил кој пружа најмногу за парите во Европа во 2023 година.

Со вкупно 14.937 поени, Renault Austral се најде на првото место со удобно растојание во однос на новата генерација на Opel Astra која освои 13.986 поени. Новиот Peugeot 308 се најде на третото место со вкупно 13.933 поени, само 53 поени помалку од вицешампионот на конкуренцијата AUTOBEST 2023.

„Сосема новиот Austral ја освои наградата AUTOBEST 2023. Ова е голема гордост и признание за сите тимови на Renault кои работеа на проектот (од дизајнот, инженерството, фабриката во Паленсија, продажбата и мрежата). Жирито на AUTOBEST од 31 член 31 земја јасно разбраа дека нашето ново спортско корисно возилоод C-сегментот е совршена синтеза на најдоброто од двата света: електрично возило за градско возење и исклучително ефикасен хибриден мотор способен да покрива долги растојанија без полнење. Со OpenR Link и Google Automotive Services, Austral исто така го нуди најдоброто во услугите, поврзувањето и апликациите за да обезбеди извонредно и интуитивно искуство во возењето“ – изјави Фабрис Камболив, оперативен директор на Рено.

„Нашиот победник оваа година го претставува следното ниво на брендот Renault. Тоа е најдобриот производ досега на францускиот производител, со материјали од високата класа, многу висок квалитет, извонредни возачки способности, импресивен дизајн и веројатно најдобро поврзаните технологии на автомобилите денес. Во него се вградуваат хибридните мотори E Tech, еден од нашите претходни добитници на наградата TECHNOBEST. Од 6-те финалисти на ова издание, Austral успеа да ги импресионира повеќето членови на најголемото европско независно жири за автомобилски медиуми по бројот на застапени земји, при што многумина го ставија на врвот на својот глас. Со оваа победа, Renault одлично се враќа на врвот на нашиот избор, станувајќи Најдобро Купен Автомобил во Европа во 2023 година!“ – изјави Дан Варди, основач и претседател на организацијата AUTOBEST.

По трет пат, AUTOBEST успешно го организираше завршниот тест во Теесдорф, Австрија, на крајот на ноември. Ова издание дојде откако првите две беа организирани под многу тешки санитарни услови поради пандемиските времиња, при што Австрија беше во целосна блокада. Како прво издание организирано без пандемиски ограничувања, огромното мнозинство од членовите на жирито на AUTOBEST учествуваа на многу успешни сесии за возење на пат и на патека. Имајќи ја професионалната помош од нашите пријатели од полигонот OAMTC во Teesdorf, AUTOBEST успеа да го организира најкомплексниот сет на тестови достапни во автомобилските медиуми денес.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Renault Rafale E-Tech 4x4 300 HP е плаг-ин хибриден SUV со малку магија од Alpine

Hyundai Ioniq 6 е добитник на наградата ECOBEST 2023. Новиот модел на Hyundai е револуционерно ново Батериско Електрично Возило (БЕВ) кое носи ново размислување за концептот на автомобил и во европските салони ќе се појави од почетокот на 2023 година. Филозофијата за ултра-аеродинамична каросерија ги носи идеите за мал воздушен отпор на ново ниво, концепт кој не само што нуди електричен опсег повеќе 600 километри, но исто така испорачува впечатлив стил на рационализирање кој гарантирано ќе се истакне. Овој храбар, интелигентен нов Hyundai е автентично парче технологија, што целосно го заслужува победникот на ECOBEST 2023 година.

22-та гала на наградите AUTOBEST ќе се одржи на 11-ти мај 2023 година во Ротердам,  за прв пат во Холандија. Следејќи ја традицијата, европското жири AUTOBEST секоја година ќе ги доделува наградите во различна земја. 21-та AUTOBEST Гала се одржа на 9-ти јуни 2022 година во близина на Стразбур, Франција.

Европското жири AUTOBEST им се заблагодарува на читателите од цела Европа за охрабрувањето на проектот и на различните сектори за односи со јавноста одговорни во автомобилската индустрија за обезбедување на сета поддршка при организирање состаноци и тестови за возење на новите производи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.