AUTOBEST ги објави резултатите од второто Ecobest тестирање – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AUTOBEST ги објави резултатите од второто Ecobest тестирање

Европското Autobest жири ги објави резултатите од вториот Ecobest Challenge на електрични автомобили – и резултатите се изненадувачки!

Оваа година во Ecobest предизвикот учествуваа следните автомобили: Aiwaus U5, Audi Q4 e-tron Sportback, BMW i4, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia Niro EV, Kia EV6, Mercedes-Benz EQA, MG 4, Renault Megane E-Tech, Seres 3, Skoda Enyaq iV, Volkswagen ID4 и Volvo XC40 Recharge. Според тестирањата на Autobest, два модели ги надминаа автономиите достигнати на WLTP тестирањата, 7 автомобили достигнаа повеќе од 80% од опсегот според WLTP во реални услови на возење, но дури 5 достигнаа помалку од 80% од измерениот опсег според WLTP.

Дел од тестирањето беше и колку дополнителни километри можат да поминат автомобилите кога индикаторот ќе покаже нула преостанати километри – и кај 12 од 14 километри оваа стратешка резерва изнесуваше меѓу 3 и 23 километри, но кај 2 автомобили кога индикаторот покажа 0, автомобилите застанаа.

Едно од првите тестирања е полнење на AC полнач со моќност од 22 kW.

Но бројките се навистина поинакви кога автомобилите се „закачени“ на полнач со максимална моќност од 300 kWh. На некои автомобили им требаат помалку од 10 минути полнење за да „наполнат“ дополнителни 100 километри, а рекордер е Kia EV6 на која ѝ требаат само 7 минути.

За Ecobest предизвикот, Autobest жирито користи два сопствени индикатори – EcoC 1 кој го покажува односот меѓу реалниот опсег на возење и опсегот според WLTP, а EcoC 2 ја наведува енергетската ефикасност на возилата откривајќи колку километри можат да поминат со 1 kWh електрична енергија, и според Auotbest токму EcoC 2 е најважниот израз на енергетската ефикасност на електричните возила. Минатта година рекордот беше 8.07 километри со 1 kWh, но оваа година рекордот е 6.65 километри со 1 kWh – нешто што најверојатно се должи на поголемиот габарит на овогодинешните возила во однос на минатогодинешните. Само 5 автомобили надминаа 6 km/kWh, додека два автомобили не можеа да постигнат ни 5 km/kWh.

За да добие прецизни и целосни податоци во EcoBest Challenge 2022, AUTOBEST, во тесна соработка со Quattroruote Centro Prove користеше Power checK Control (PKC) за анализа и сертификација на електричните автомобили. Уредот е поврзан во реално време со автомобилот преку Bluetooth Onboard Diagnostic II (OBDII) и пристапува до многу параметри за вистинскиот статус на батеријата: SoC (состојба на полнење), SoH (состојба на здравје), температура , брзината на автомобилот, временските услови, моќта што ја користи или регенерира автомобилот, моќноста за време на фазата на полнење и други релевантни фактори..

Поврзано:  Новиот, поголем и уште понапреден Škoda Kodiaq пристигна во Македонија!

Настанот се одржа во Ваирано, каде што се наоѓа полигонот ASC на Quattroruote. Професионалните автомобилски новинари на Autobest возеа 14 електрични возила достапни во Европа (сите со повеќе од 300 километри хомологиран опсег на WLTP и цена под 65.000 евра пред локалните давачки) за да одговорат на најчестото прашање што луѓето го поставуваат кога бараат електричен автомобил. Тестот започна и заврши во Vairano ASC, каде што и се полнеа возилата. Иако беше пријавен да учествува, во тестот не зема учество Tesla Model Y, кој производителот го откажа во последен момент.

Сите тестирани возила се редовни сериски модели, само со возач внатре, активен систем за климатизација, инфозабавна опрема и притисокот во гумите препорачан од производителот. Сите автомобили се возеле во „нормален“ режим и користеле режим на регенеративно сопирање во градското опкружување кога е достапно. Користејќи мешано патување, сите возила поминаа низ серија од три рути со различни должини со автопати (50%), конвенционални патишта (20%) и урбани средини (30%). Сите возачи ги менуваа автомобилите на секои 30 километри за да избегнат каков било индивидуален ефект на стилот на возење во резултатите.

Како организатор на предизвикот Ecobest, Autobest стои зад сите резултати и бројки кои произлегуваат од непристрасен тест спроведен токму на ист начин за сите автомобили. Autobest жирито е уверено дека сите резултати се многу поблиску до реалноста отколку WLTP хомологираните бројки.

Затоа, Autobest ги поканува сите европски возачи да ги користат сите дадени информации за да се информираат и одлучат врз основа на нивните потреби. Целта на предизвикот Ecobestне е да ги рангира автомобилите, туку да понуди просечна референца што може да доведе до пореална опција за секој европски потрошувач. Нема полоши или добри возила и опсег.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.