Од следната година Рико ќе се натпреварува во Porsche Mobil 1 Supercup! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Од следната година Рико ќе се натпреварува во Porsche Mobil 1 Supercup!

Од следната година Ристо Вуков Рико ќе се натпреварува во ексклузивниот Porsche Mobil 1 Supercup!

„Соништата се остваруваат.“ – изјави Рико и со големо задоволство го објави неговиот следен – и ние би додале голем – чекор во кариерата, кој според него е олицетворение на сè она кое се подразбира под врвно натпреварување. Рико ќе се натпреварува на Porsche Mobil 1 Supercup – светски Porsche суперкуп кој се вози заедно со трките од Формула 1. Рико додава дека ќе му биде чест што ќе настапува под македонско знаме и ќе се натпреварува во најелитната конкуренција во светот.

Porsche Mobil 1 Supercup следната година ќе започне на 19-ти Мај на Имола во Италија. Потоа ќе се вози во Монако, Австрија, Обединетото Кралство, Унгарија, Белгија, Холандија и повторно во Италија. Суперкупот се вози на легендарни патеки – Имола, Силверстоун, Спа, Монца… На Рико му посакуваме многу, многу успех и му ветуваме многу поддршка во сезоната која доаѓа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.