Lancia ја започнува новата ера со првиот Lancia Design Day – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lancia ја започнува новата ера со првиот Lancia Design Day

Новата ренесанса на Lancia започнува денес, со првиот Lancia Design Day на кој легендарниот италијански бренд ја најави идната дизајнерска насока и го претстави новото лого на брендот.

Започнува новата, електрична ера на мобилност на Lancia. Денес италијанскиот бренд го претстави Pu+Ra Zero, кои според нив е тродименизонален манифест кој е директна инспирација за три нови модели кои ќе бидат лансирани од 2024 до 2028. Секако, овие модели навистина му требаат на брендот – во моментов Lancia го продава само Ypsilon, и тоа само на домашниот, италијански пазар.

Со трансформацијата на Lancia, доаѓа и време за ново лого. Секако, логото е веднаш препознатливо како логото на Lancia, но истовремено е нов симбол за новиот идентитет на Lancia и ќе се користи новиот Ypsilon, новиот (сè уште необјавен) знаменосец, како и новата Delta. Дизајнерите на Lancia извлекле инспирација од сите досегашни логоа на брендот, и кажуваат дека новото лого е Прогресивна Класика бидејќи повторно ги истакнува сите елементи на историското лого на брендот, но реинтерпретирани и проектирани кон иднината. Истовремено, логото добива и нова типографија за името Lancia која влече инспирација од италијанските мајстори поврзани со историјата на брендот и модата.

Истовремено, дебитира новиот дизајнерски јазик на Lancia кој се вика Pu+Ra Design. Името на дизајнерскиот јазик доаѓа од зборовите Pure и Radical и најавува дека идните модели на брендот ќе носат чист, рафиниран и префинет дизајн, кој истовремено ќе биде радикален и ќе изнуди силни емоции. Според Lancia, дизајнерскиот јазик ќе понуди меки, чисти и сензуални форми, искомбинирани со најмодерната експресија на радикалност и едноставност, инспирирана до дизајн на мебел, архитектура и мода, како и спортската историја на брендот препознатливи по легендарните Stratos и Delta.

Директен приказ на ова е токму новиот Pu+Ra Zero, тродимензионален манифест кој ја претставува суштината на дизајнот на Lancia. Според Lancia, токму овој дизајнерски израз ја најавува дизајнерската насока за новиот Ypsilon, новиот знаменосец и новата Delta. Токму оваа скулптура е најдобрата експресија за Прогресивната Класика на Lancia, и според Lancia е вистинска синтеза на спротивставени елементи – убавина и техника, грациозност и карактер. Препознатливиот „пехар од светлина“ ќе биде директен и препознатлив приказ на идентитетот на Lancia во иднина, како преку ден, така и ноќе.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Официјално претставена новата Lancia Ypsilon!

Интересна и храбра најава, и со нетрпение очекуваме да ги видиме новите модели кои ќе произлезат од ренесансата на Lancia.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.