AUTOBEST ги објави финалистите за наградата Best Buy Car of Europe 2023 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AUTOBEST ги објави финалистите за наградата Best Buy Car of Europe 2023

Интернационалното жири кое ги доделува AUTOBEST наградите ја објави конечната листа на финалисти кои ќе се борат за титулата оваа година – и конкуренцијата е навистина интересна!

За титулата AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2023 ќе се натпреваруваат Dacia Jogger, Honda Civic, Opel Astra, Peugeot 308, Renault Austral и Toyota Aygo X. Интересна и еклектична селекција која успева да покрие неколку различни сегменти. Некои од овие автомобили веќе добро ги познаваме – веќе седнавме зад воланот на новата Opel Astra, новиот Peugeot 308 како и новиот Toyota Aygo X.

Жирито кое брои 31 член од 31 земја – меѓу кои е и нашиот колега Мишко Барзов како член од Македонија – ќе ги направи последните тестирања во следните неколку седмици и секој член ќе гласа. Се очекува победникот на AUTOBEST да биде објавен кон средината на Декември. Жирито ќе отиде во Teesdorf, Австрија на 23-ти и 24-ти Ноември каде ќе ги направи финалните тестови. Fahrtechnik тест-патеката ја управува Австрискиот Автомобилски Клуб (OEAMTC) и е одлична локација за откривање на целосниот потенцијал на финалистите.

AUTOBEST жирито веќе додели неколку признанија. Титулата COMPANYBEST отиде кај Dacia, додека Artur Martins од KIA е додаден во MANBEST Hall of Fame. DESIGNBEST признанието оди кај Jean-Pierre Ploue, главниот дизајнер во Stellantis, a SMARTBEST го доби Renault, односно новиот Austral за интеграцијата на Android Automotive OS во автомобилот.

SAFETYBEST признанието за 2023 оди кaj VALEO за нивниот Lidar систем, додека SPORTBEST признанието оди кај легендарната Jutta Kleinschmidt за нејзините импресивни подвизи во светот на моторспортот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.