full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се намалуваат

Цените на горивата веќе неколку пати по ред се намалуваат – од вечерва бензините и дизелот повторно поевтинуваат.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ бензините и дизелот поевтинуваат во просек за 2.88%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 3.00 денари за литар и еден литар ќе чини 88.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари за литар, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 90.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.00 денари за литар и еден литар дизел ќе чини 90.00 денари.

Новите цени стапуваат вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.